На натпреварите од 18-тото коло на Супер лигата на вешталја, одржани на 01-ви април 4 бода за двете помлади генерации на Победа.

 

Во првиот меч помладите пионери-генерацијата 2002-ра одиграа 1-1 со врсниците на Шкендија.Имаа негатива по првиот несреден и под притисок одигран прв дел, но во вториот дел израмнија преку Елдин Шкриељ, имаа и притисок и шанси за победа (еден спорен момент за пенал), но за жал немаа среќа да се израдуваат на триумфот. Со 29 бода остануваат на 4-тото место на табелата.

Пинерите - генерацијата 2001-ва се најуспешни пролетва. Ја совладаа денес Шкендија со 1-0 со гол од пенал на Александар Златески - негов 10-ти оваа сезона. Одиграа максимално борбено, дисциплинирано-тимски што на крајот резултираше со голема победа над тимот кој претендира на првото место. Значајна заслуга за победата има голманот Антонио Столевски со две одбрани на зицер ситуации. Со 5 пролетни бодови пионерите се моментно 5-ти со вкупно 28 бодови. 

Leave a comment