Довчерашниот голман на Победа, Давор Талески својата кариера ја продолжува во редовите на финскиот прволигаш Хонка.

Талески денеска официјализираше договор на една година, до јануари 2019, со Финците, со можност за продолжување потоа на истиот на уште една година. 

Како што е познато, неодамна уште еден македонски голман, Дамјан Шишковски од Работнички се пресели во финскиот шампионат, во редовите на Лахти каде претходно на проба беше и Талески.

Извор на веста: ekipa.mk

Leave a comment