Членот на Џудо Клуб СЕИШИН-Прилеп Марио Тошески едномесечните тренинг подготовки во Шведска ги заврши со полагање за кафен појас 1 КЈУ пред стручна комисија од Шведска.

Имено Тошески учествуваше во тренажниот процес на Џудо клубот Норкопинг-Норкопинг Шведска каде вежба членот на ЏК СЕИШИН Прилеп Давид Везенкоски кој моменталнотаму живее и се школува.  Поради задоволството од Тошески, стручната подготовка и доказот дека се исполнети условите за да се пријави за полагање на испитот за Кафеав Појас 1 КЈУ каде беше пријавен и Давид Везенкоски  Стручниот Тим од Норкопинг како и надлежната комисија му овозможи полагање за повисок степен – појас.

Полагањето од двајцата наши членови (Везенкоски и Тошески)  беше завршено успешно со највисока оценка од страна на комисијата за полагање. Имено истите на испитот прикажаа вкупно 62 техники со фрлања, 4 техники со полуги (лостови) и 4 техники со загушувања. 

Џудо клубот СЕИШИН- Прилеп е задоволен од остварената соработка со Клубот од Шведска и веќе од наредната недела го очекува својот член Тошески за да пренесе дел од искуствата стекнати таму.

Leave a comment