Кога сите погледи се насочени кон машкиот ракомет и фудбал, кај овие девојки владее прекрасна атмосфера. Со победа ја завршија сезоната, точно како што планираа, па од петокот добија заслужен одмор.

 

Ветеното е остварено, благодарејќи на безрезервната поддршка од спонзорот А.Д.ВИТАМИНКА. Девојките се враќаат на своите обврски веднаш после празниците на средината на Јануари.

Во нашава држава има само осум екипи од седум клуба (Вардар има две) и оттука е многу важно што Прилеп претставува осмина од македонскиот женски ракомет. Како и условите од кои сите се задоволни, а тогаш и самата работата е уживање. Планираното е исполнето. За разлика од другите, каде наместо само за спорт, се зборува за разврска од избори и за народни пари од буџетот, во Деспина е исто пред и по нив. Клубот обезбедува сé.

Ветено - сторено има и на паркетот. Приоритет е обука на млад кадар. Има и кадетки, пионерки... Потпирањето е само врз неколку искусни, а останатите вредно работат и напредуваат. Не ги обесхрабрија поразите од, објективно, подобрите. Прво товарот беше врз голманот, бекот и пивотот, потоа се разигруваа и другите бекови, а за да нема слаби места проработија и крилата. Екипата е сé поуспешна при контра и враќање бргу назад за спречување контра. Во поглед на резултатите, целта беше 6 место и токму тоа е освоено.

Leave a comment