Велемајсторот Звонко Станојоски е победник на Отвореното првенство на Скопје во брзопотезен шах.

 

Беше подобар од 130 конкуренти, меѓу кои петмина со највредната титула. Постигна 5 победи и 4 реми, без пораз. Меѓу десетте најдобри на табелата се уште двајца прилепчани - осмиот Дејан Ѓорѓиески и десеттиот ФМ Роберт Велески.

Ден претходно се одржа и Блиц Гази Баба, каде Станојоски беше петти, меѓу 119 учесници од 4 држави.

Leave a comment