Мирослав Станиќ во 41-та минута донесе победа за прилепскиот прволигаш.

По цела една година, Академија Пандев загуби на домашен терен во Струмица. Последен пат „пандевци“ на стадионот Младост во Струмица загубиле на 24. септември минатата година кога во второлигашката конкуренција загубија од Новаци со 1-2.

Сега, Академија Пандев загуби за првпат прволигашки натпревар пред своите навивачи. А, „лекот“ за Струмица го најде прилепска Победа. Прилепчани поведоа со погодокот на Мирослав Станиќ во 45. минута за триумф од 0-1.

Leave a comment