Поддршка за Рикалоски на Младинската Олимпијада

Младиот Александар Рикалоски од Прилеп е првиот пингпонгар од Македонија, што во изминативе 7 децении од постоењето на Клубот и воопшто од постоењето на пингпонгот како спорт кај нас, успеал да стигне до квалификациите за учество на Олимпијада. Квалификациониот натпревар се одржа од 2 до 5 ноември во Сплит, Хрватска во конкуренција на 32 пингпонгари.

Рикалоски истакна дека со пинг понг се занимава 9 години и дека се чуствува доволно подготвен за да се квалификува за Олимпијадата.

„Ова ми е прв пат да одам на еден ваков голем натпревар за квалификации за Олимпијада. Му се заблагодарувам на градоначалникот Јованоски за логистичката и финансиска поддршка. Ова е одлично искуство за мене, ново доживување. Се чувствувам доволно подготвен да се пласирам за Олимпијадата, која во 2018 година ќе биде одржана во Буенос Аирес“, изјави Рикалоски.

Неговиот тренер, Гоце Тошески се надева дека наредната година токму од зградата на локалната самоуправа на Прилеп ќе бидат испратени за Аргентина.

„Се надевам дека ќе ги оправдаме резултатите и дека наредниот пат повторно ќе не испратите од овде за Аргентина во Буенос Аирес, каде што наредната година ќе се одржи Олимпијадата. Ова е прв пат досега не само од Прилеп туку и од Македонија пингпонгар да учествува на квалификации за Олимпијада“, изјавиТошески.

 

 

Leave a comment