Професорка по физичко образование, спорт и здравје Ангела Ѓелинческа, која е фитнес шампион на Република Македонија за 2016/2017 и се вбројува во топ 5 спортистки на Балканските бофибилдинг и фитнес натпревари отвара студио за аеробик и пилатес во Прилеп.

Гелинческа е веќе 7 години инструкторка по аеробик, фитнес инструктор и персонален тренер.

Тренинзи кои ќе се одржуваат во нејзиниот нов BodyLab вклучуваат hi-low aerobik, Body Combat i Body&Mind Pilates (40+) HI-LOW aerobic што е одличен начин за намалување или регулирање на телесната тежина.

Тренингот HI-LOW aerobic,како што објасни Ангела, се состои од лесни кореографии и вежби од висок и низок интензитет комбинирани кои се совршени за горење калории и тонирање на телото.

Тренинзите ќе се одржуваат во прилепската гимна

зија Мирче Ацев во понеделник и среда од 21 часот, и петок од 20 часот, а со тренинзи започнува на 02.10.2017.

 

Контакт за дополнителни информации: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  или на Фејсбук профилот на BodyLab.

Leave a comment