НА 29 И 30 Јули се одржа Балканско Првенство во џудо за Пионери-ки во Солун Р.Грција. На истото учество зедоа репрезентативци од 10 балкански држави меѓу кои и Р.Македонија.

Од џудо клубот Сеишин од Прилеп како член на државната репрезентација во категоријата -73 кг. учествуваше натпреварувачот Орде Трајкоски. На ова натпреварување Орде демонстрира одлично џудо и се пласира на 5-то место од 16 натпреварувачи во неговата тежинска категорија. Именоо Орде со две победи и две загубени борби не успе да избори место на пиедесталот меѓу првите 3. Во последната борба за 3-то место беше елиминиран од натпреварувач од Р.Турција. Селекторот на пионеркста репрезентација Александар Ѓорѓијоски е задоволен од настапот а исто така задоволство се искажува и од стручниот штаб на клубот СЕИШИН со оглед на краткотрајните припреми кои ги имаше натпреварувачот пред ова натпреварување.

 

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп по преодниот рок и паузата за летни одмори продолжува со активности поконкретно со кондициони тренинзи на отворените терени во град Прилеп веќе од 14 август.

 

 

Leave a comment