„Секој се смее на ист јазик“ е новата книга со македонски поговорки, мудрости и изреки од авторот Тодор Алексоски, што беше претставена и пред читателите. Содржината на народната филозофија е во функција на втемелување на македонскиот идентитет, фолклор, јазик, култура и историја.

 

-Умотворбите се од големо значење за македонската лингвистика, етнологија и историја. Тие се израз на богатата македонска култура, традиција и обичаи. Поговорките се кратки и мудри литературни форми. Тие се сегмент од богатата македонска фолклористика. Тие се одраз на  длабоката мисла за животот и менталитетот на човекот, обичаите, љубовта, моралот. Изданието содржи 4200 поговорки, мудрости и изреки и е продолжение на претходните книги - вели авторот.

Алексоски е автор на трудови за работните односи, прирачници, книги за македонскиот јазик, меѓу кои Говорете македонски, Македонски глосар, Само сонцето е постаро од Македонија и др.

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment