„Незаборав„ е тематската изложба од сограѓанинот Емил Димоски, што беше отворена на 19.05.2018 од 20.30 часот во галеријата „Борко Лазески“. Димоски се претстави со слики и минијатурни куќи од старата архитектура, која авторот ја штити од заборав.

 

Димоски најпрво ја освои публиката со макетите, создавани од основното образование.

- Прво создавал со кибритчиња, а потоа со камчиња. Со времето творецот се созреваше и изработуваше веродостојни оргинални макети на старите куќи. Сега се насочи кон друг вид на творби, поврзани со традицијата. На картон лепи дрвца, камчиња и други материјали и создава слики преку кои го пренесува богатството од незаборавна архитектура, манастири, стари куќи - вели Мицевска.

Според Јулија Ѓурчиноска, професор по македонски и германски јазик, секое дело од Димоски вклучува некаква тајна, мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот.

- Во безбројните и бесконечните разговори за творештвото побарав објаснување за петте димензии. Додека со жар во очите објаснуваше за секоја димензија од секое дело посебно, стана појасно дека делата на Емчо немаат димензија, немаат временска рамка, пазарна вредност, бидеќи се полни со љубов, трпение, спокој, љубопитност, добрина и страст. Делата ја пресликуваат неговата бесценета душа - вели Ѓурчиноска.

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment