Македонски лексикон, значење на зборот БЕГАЛЕЦ - Тој што избегал од местото каде што требало да биде, од своето живеалиште или од својата татковина.

 

Што го напуштил родниот крај, што отишол од родната земја.

Изложбата е составена од 5 портрети на локални прилепски уметници. Портретирањето е колаж од лични фотографии, фотографии од случувањата во дадениот период, лични текстуални изјави, текстуални факти за случувањата во тој период, цртежи. Започнувајќи од колажниот портрет на авторот на изложбата Дарко Талески со неговите најрани корени за бегањето од родното место на неговите предци во крајот на 19, почетокот на 20 век во Бугарија, преку портретот на ликовниот уметник Васко Костов кој ја пренесува личната приказна за неговото семејно заминување од Егејска Македонија после Втората Светска војна т.е за време на граѓанксата војна во Грција, следува портретот на Ферди Булут кој го портретира масовното заминување на Турското население од тогашна Југославија во Р.Турција во периодот на 50-тите години на минатиот век. За да се заврши со портетите на Јасмина Руневска и Лепа Милошеска кои ни ја доловуваат сликата на економските бегалци кон крајот на 20 век и почетокот на 21 век.

Изложбата ќе биде претставена на 01-ви јуни 2018 година, со почеток од 20:00 часот во ликовната галерија на НУЦК Марко Цепенков.

Leave a comment