Изложбата „Спам“- слики и инсталации на Илина Арсова ќе биде претставена во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.

 

Изложбата ќе започне на 23-ти мај 2018 година, со почеток од 13:30 часот.

Изложбата ја отвори истричарот по уметност Викторија Димеска која посочи дека изложбата ја сочинуваат серија од мали формати, а колажите се изработени од рециклиран отпаден материјал, како што се текстил, хартија,...

Насловот на изложбата доаѓа од отпадното сандаче. Како резултат на долгогодишните истражувања на темата рециклирање, во перидот од 2013 до 2018 Арсова креирала колажни слики кои се состојат од различни домашни отпадни материјали, со една и единствена цел - да ја потсети публиката на несовесниот консумеризам и на неразумното потрошувачко општество, укажувајќи кон еден совесен и хуманистички пристап за заштита на животната средина, преку рециклирање на отпадниот материјал. Како подлога се среќаваат разнородни материјални, коишто најчесто на самиот крај завршуваат со сликарска интервенција - цртеж и боја.Оттука уметноста на Арсова е ангажирана...Во светски рамки творештвото на Илина може да се спореди идеолошки со Поп арт и Реди мејд - рече Димеска на отворањето на изложбата на Илина Арсова.

Leave a comment