Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „Обѕрни се во гнев“ во режија на Kристина Димитрова, на 18 мај 2018 гостуваше на Фестивалот на малите театарски форми  во Враца, Бугарија.

 

Ова е еден од најстарите театарски фестивали во Бугарија, со долгогодишна историја.

Податоци за претставата

Автор: Џон Озборн

Режија: Кристина Димитрова

Драматурзи: Ивана Нелковска,Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценографија и костими: Илина Ангеловска

Музика: Дарија Андовска

Превод: Лидија Митоска -Ѓорѓиевска

Играат:

ЏИМИ – ДИМИТАР ЃОРЃИЕВСКИ

АЛИСОН – КАТЕРИНА ЧАКМАКОСКА – КЛИНЧЕСКА

КЛИФ – ИЛИЈА ВОЛЧЕСКИ

ХЕЛЕНА – ДАНИЕЛА ИВАНОСКА

Џон Озборн верува дека театарот треба да се базира на чувствата и животот на луѓето. Поради тоа, најмногу се занимава со оној вид на театар што нуди витална, емоционална динамика, театар што продира низ класните бариери и сите препреки поставени кон патот на чувствата. Убеден е дека ни требаат нови театарски чувства, како што ни треба и нов театарски јазик.

„Обѕрни се во гневот“ ја отсликува побуната на младата несфатена повоена генерација, против генерацијата на нивните родители кои го довеле општеството до пропаѓање во морална и финансиска смисла. Се работи за побуна против светот во којшто владеат материјалните вредности, лицемерието на општеството кон луѓето што се борат за својот напредок а не добиваат ништо, за безволноста, за човечкиот гнев, осаменоста... Текстот се поставува по точно 60 години од неговата прва изведба, a темите кои ги обработува, денес сеисто толку актуелни како во времето кога е напишан.

Театарот освои награда за најдобра актерска екипа на фестивалот.

 

Leave a comment