Во петок 18 мај во 20.30 часот во галеријата „Борко Лазески“ при ЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „(Не)заборав“ од  прилепчанецот Емил Димоски, кој ќе се претстави со дела со кои не дозволува старата архитектура да замине во заборав.

 

Посетителите ќе имаат ретка можност да  проследат макети, слики  и друг вид на творби дел од македонската традиција. Преку делата Димоски, кој е наставник во ОУ„Добре Јованоски“, го пренесува богатството од убава архитектура, манастири, стари куќи… 

Секое дело вклучува некаква тајна, мистериозна инспирација, скриена порака, која успешно се проткајува низ камчињата и ливчињата на бескрајот. Во безбројните и бесконечните разговори за неговото творештво побарав објаснување за петте димензии.

Додека со жар во очите објаснуваше за секоја димензија од секое дело посебно, ми стана појасно од било кога – делата на Емчо немаат димензија, немаат временска рамка, немаат пазарна врдност бидеќи се полни со љубов, трпение, спокој, мир љубопитност, добрина и страсти, бидејќи неговите дела ја пресликуваат неговата бесценета душа.

Јулија Ѓурчиноска, проф. Македонскии-германски јазик

Leave a comment