Во петок, 18-ти мај 2018 година во ликовната галерија од 19.30 часот беше отворена изложбата „ Лепени, сечени, монтирани“ од уметникот Сергеј  Дамовски. 

Податоци за уметникот

Име и презиме: Сергеј Дамовски

Место на раѓање: Чорух-Дајрон , Таџикистан

Образование

1990/91- Дипломиран ликовен педагог со вајарство-„Факултет за ликовни уметности“, Скопје

1982 -Завршено средно образование- гимназија „Никола Карев“- Скопје

1978 –Завршено основно образование- О.У. „Лазо Трповски“- Скопје

 

Работно искуство

Од 1999 до денес- Професор по ликовна уметност во СУГС„Цветан Димов“-Скопје

СУГС „Димитар Влахов“-Скопје, ДУФК „ Методија Митевски Брицо“- Скопје , СУГС „Лазар Танев“- Скопје

СУГС „Орце Николов“-Скопје( во моментот матично школо)

Активности и интереси

Во изминативе 30 години активно учествувам во културното творештво на Р Македонија. Учествував на многу групни изложби и колонии во земјава и во странство, имам организирано неколку самостојни изложби. Последниве десет години исто така работам како професор по ликовна уметност во повеке средни училишта во Скопје и активно како ментор со учениците работам на разни проекти во и вон-училишните рамки. За многу од овие активности како од областа на културата така и од областа на образованието добиени се различни признанија пофалници благодарници награди (награда за најдобар портрет 2004 – ДЛУМ, награда за вајарство „ Јордан Грабул“ 2013) и друго, како лични така за училиштето и за учениците. Од декември 2013 до март  2015 бев  претседател на ДЛУМ.

Проекти

Организатор координатор администратор и ментор на проектот „Ликовна колонија на ученици од средните училишта- Кнежино“ -2009

Изложби и ликовни колонии

Ликовна колонија-скулпторска работилница „Скулптури на новото време“-Куманово 1998, 2004 и 2009

Ликовен хепенинг-Карпош 2009

17-то интернационално ателје за скулптура во метал-Прилеп 2001

Интернационално студио за пластика и дрво-Прилеп 2003

Ликовна колонија „Дрен“ 2008, 2009 , 2010, 2011,2012.

Ликовна колонија „ Кнежино“, 2007

Изложба „ Жената симбол инспирација“- Скопје, 1993

Биенале на млади-Скопје, 1993

Самостојна изложба „ Лузнари“-Скопје ,1997

Самостојна изложба-Куманово ,1998

Изложба на портрет Д.Л.У.М –освоено награда за најдобар портрет 2004- Скопје

Самостојна изложба „ Месечари“ Скопје, 2004

Самостојна изложба-Охрид, 2005

Самостојна изложба „Здрвени“-Скопје ,2006

Самостојна изложба-Прилеп ,2009

Уметниците на Карпош за граѓаните на Карпош, 2006,2007

Годишни изложби на ДЛУМ-Скопје, 2004, 2007 ,2008, 2010

Биенале на ДЛУМ-Скопје ,2009

Македонски уметници во Париз ,2008

Македонски уметници во Софија, 2009

Светска галерија на цртеж „Остен“ Скопје , 2009.

Мал формат-Скопје, 2006 , 2010,2011.

Изложба на минијатури-Скопје, 2010.

Изложба на повеке автори-„ Црвени Утра“2010-Скопје.

Изложба на експериментален цртеж Д.Л.У.М 2011- Скопје.

Самостојна изложба на слики „ Озрачени“  Галерија 8 ,2012- Скопје.

Изложба на експериментален цртеж Д.Л.У.М. ,2012- Скопје.

Годишна изложба на Д.Л.У.М 2013- Награда за вајарство „ Јордан Грабул“ – Скопје

 Самостојна изложба на слики „ДИНАМОГЕНИ“ 13-09-2013 во М.К.Ц. СКОПЈЕ .

 

Групна изложба на „Експериментален цртеж“ галерија „Луцерна“-  Прага , Р. Чешка 2014г.

Ликовна колонија  „ДРЕН“- 2015 -Прилеп.

Изложба на четири македонски автори „Четири исти спротивности “  галерија   „У ангеличка“- Плзењ,  Р. Чешка 2015г.

Leave a comment