Промоцијата на стихозбирката ќе се одржи на 16-ти мај 2018 година во кафетеријата ART-KAFE - 18.00ч во Прилеп.


Ќе читаaт актерките
:Марија Спиркоска Илијеска и Катерина Чакмаковска Клинческа

Рецензент - Борче Грозданов ( рече за – ЖЕНА)
Мајката - Љубов!

Да се пишува за Жената и да се припаѓа на тој благороден и благословен сој и род е „прекрасно“ тешка работа, но закрилата на моќта на зборот и чистата мисла, бездруго го овозможуваат тоа во случајот на Катерина Грозданова.
Таа „се дрзна“ да прочепка по раните, да ги отвори и да ги остави на олујните ветрови болките, да ги разлути нескротливите ветрови, кои ја шибаат душата, без пардон, но сè со цел да побара прошка и излечение од непостојаните земни несигурности... 
Во таа потрага, таа пее за Мајката над мајките, која како слика ни ја претставува со мртвиот син во рацете, за покајание и размисла, за тоа дека неговите незацелени рани не се тука да болат, ами да замислат и да нè приволат да не правиме зло!
Земните, наши мајки го имаат својот простор во бесконечната љубов, едната веќе простена со Господа, другата пак, низ земните лавиринти на болката, сè уште го чисти односот кон Него, за да ни се потврди аманетот дека родното чедо е сè... 
Во распеаниот женски свет на Грозданова, своето место бездруго го имаат и милите, односно оние жени кои оставаа и оставаат трага во нејзиното патешествие - Живот, а кои се сè земно, имајќи ги најобичните карактеристики на земните суштества, но во нејзиниот свет тие се покров на љубовта, олицетворение на дарот, спротивставен браник на бурите... Очите и солзите се споени, како плодот, рожбата и мајката, кога станува збор за покајанието, а во име на нешто само навидум недопирливо, пред кое сите имаме страв, почит, но и стремеж за достигнување - целта е јасна, надминување на несовршеноста и мир во Рајот... 

Борче Грозданов:
За стихозбирката “ ЖЕНА ” Катерина Грозданова
Оваа книга настана од многуте разговори, емоции, што сме ги делеле, а и повремено, потајно, интимно, сеуште ги делам со некои од нив. Се она што сме го рекле или не, е преточено и во оваа книга. На почетокот тргнав со мисла дека ќе немам ни двеесет жени, но на крај испадна дека ќе има и втора збирка. Ова зборува за мојата среќа што имам толку многу блиски жени, што за моја среќа, за да ги избројам во првата книга ќе ми требаат три раце, и толку за втората. А само две за силна прегратка и љубов кон нив. Преку стихозбиркава, со едноставен, но симболичен наслов “ Жена “
“ Секој напишан збор во мојава најнова збирка поезија, има во себе оставено дел од мојата духовна растрепереност пренесена од мојата рака. Тоа е одраз на внтрешната, длабока поврзаност со секоја од нив. Во стиховите на “ЖЕНА“ е втиснат секој мој трепет, како печат. Сакав, и ги нареков “ моите “ жени. Ги знам низ годините, секакви, а за тоа придонела взаемната размена низ нашите дни. Сакав, и мислам дека конечно постигнав мир, со мојот внатрешен немир, кој ме тиштеше долги години.
Се почна во Септември ноќта, кога ја напишав и првата песна која ме мачеше шест месеци, за мојата почината мајка, таа година во Март. Се отвори душата, посакав да оставам трага од пишан збор, песни кои биле и останале, од разговори останати во и меѓу нас. А сега споделени и со вас. 
Сакам преку оваа реч, да им заблагодарам на сите нив и на оние кои ќе дојдат во мојот живот. Да им кажам силно Благодарам за тоа, колку искрена љубов ми подариле, за да потече мојата книга “ Жена “. Некои од нив сум ги сретнала само еднаш и преку “клик“ душите се препознале. Затоа, поскаувам уште многу такви средби, бурни – силни, Љубовни... “
Од неа, Љубовта, ќе настане “ Жена 2“, во која ќе бидат опеани сите оние за кои во оваа стихозбирка немаше место, т.е. доволно листови хартија.

Leave a comment