Во четврток, 10-ти мај во 20:00 часот во ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од уметникот Агрон Салиу.

 

Делата ќе бидат изложени во галеријата до 17-ти мај 2018 година.

Податоци за уметникот:

Агрон Салиу роден е 1984 год. во Тетово. Дипломирал на Тетовскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек Сликарство во класата на проф. Илирјан Беќири

2016 - Ангажиран во сектор за култура - Општина Тетово

2014 - Сертификат - Мултикултура - Тетово

2014 - Сертификат - Арт Хапенинг МКЦ - Скопје

2013 - Сертификат - Меѓународен симпозиум за акварел- Скопје, Охрид

2013 - Сертификат - Арт Хапенинг Карпош - Скопје

2013 - Париз, Студиски Престој - Сите Интернатионал дес Артес -

2012 - Сертификат - Здружение на Ликовни Уметници на БиХ

2012 - Сертификат - Здружение Јосиф Багери доделува за контрибуција, активности во уметноста и успесите во 2012 год - Тетово

 

Самостојни Изложби: 

2017 - Скопје, Македонија - Културен Инфоративен Центар -

2017 - Подгорица, Црна Гора - Уметнички Павилион -

2016 - Кичево, Македонија - Центар за Култура -

2016 - Виена, Австрија - Палаис Палффи Галерија -

2016-  Куманово, Македонија - Центар за Култура -

2016 - Тетово, Македонија - Уметничка Галерија -

2015 - Загреб, Хрватска - Новинарски Дом -

2015 - Сараево, БиХ - Роман Петровиќ Галерија -

2015 - Виена, Австрија - Кунстраум Галерија -

2015 - Куманово, Македонија - Уметничка Галерија -

2014 - Кичево, Македонија - Центар за Култура -

2014 - Берлин, Германија - Прима Центар Галерија -

2013 - Париз, Франција - Сите Интернатионал дес Артес -

2012 - Скопје, Македонија - Либрарија е Чаршис -

2012 - Тетово, Македонија - Уметничка Галерија -

2012 - Скопје, Македонија - Културен Информативен Центар - 

Учествувал на многу групни изложби, проекти активности во културата во земјава и странство.

 

Критика:

2018 - Линдита Ахмети - Писателкa

2016 - Фатмир Сулејмани - Универзитетски професор

2014 - Ентела Каси - Писателкa

2014 - Бардил Заими - Есеист

2012 - Салајдин Салиху - Универзитетски професор

2012 - Арлинд Фаризи - Универзитетски Професор

 

Линдита АХМЕТИ

РИЗНИЦА ОД ВРЕДНОСТИ И ЗНАЧЕЊА

Неколку збора за творештвото на уметникот Агрон Салиу

Агрон Салиу, добро познато име на албанското сликарство (роден е во Тетово во 1984 година каде ги завршил основното и средното училиште како и универзитетските студии во групата на професорот Илиријан Беќири), го зголемува своето творештво со нови слики кои ќе се презентираат на неговата седумнаесетта изложба. Неговите портрети од изложба на изложба сведочат за големите креативни можности на овој млад сликар, кој веќе го формирал и става трага на својот уметнички израз.

Талентот на Агрон Салиу е забележан од почетокот на неговото творештво, а неговата уметничка зрелост излезе на виделина на неговата шеснаесета изложба, во која се прикажани неколку реализирани портрети на голем број албански личности. Во центарот на интересот на креативноста на Агрон е човекот со карактеристики и духовни финеси кои се одразуваат во лицето и каде, преку очите, мимиките и знаците, се рефлектира внатрешниот свет на човекот. Тука не можеме да ја прескокнеме "невидливата" нијанса од сликарството на Агрон, би рекла и акцентот и "подвлекувањето" и зголемувањето на внатрешната болка што творците "ги читаат" во очите, веѓите и другите изрази од лицето.

Изработени од уметничката рака, тие ја пренесуваат загриженоста кај гледачот и го прават видлив тој свет со лиризам што нè става пред сложеноста на животот со бездни, сенки, драми и непријатни изненадувања. Истражувајќи го овој свет, сликарот не само што ги доловува карактеристичните особини на ликовите од неговота слика, туку и исполнува една огромна празнина која ја имавме во нашата култура, односно ја збогатува нашата култура со портрети. Овде ќе и должиме на публиката ако не кажеме дека, како Агрон никој не се посветил со ваква енергија и би рекла, со ваков "фанатизам" кон портретите до најситниот детаљ и тешкотии што ги бара творештвото на овој жанр. Музата го држи сликарот цврсто тука, кај портретот.

Таму, авторот го бара и наоѓа човечкиот револт на ова тло, со кого, мислиш зборува за горчливите реалности каде поминал и поминува секој ден. Во овие односи, каде што се бара внатрешна емоција преку која се одразува вистината, Агрон Салиу всушност со својата амбициозна креативност прави редок мозаик од детали за животот на неговиот народ, кој за жал многу време поминува низ патеките на несигурност. Сликите на Агрон Салиу, исто така, имаат една "тајна". Тие ги опфаќаат и ги овековечуваат оние духовни реакции што не ги гледа, не ги забележува окото на обичниот минувач.

На магичната четка на Агрон не му бегаат лесно светлата, сенките и карактеристичните бои, особено темнината, која не' следи како судбина. Длабоката осаменост, стравот, соочувањето со ужасот, но и резигнацијата и рамнодушноста го сочинуваат значајниот столб на креативноста на Агрон, кој столб, имам впечаток дека го носи продуктивниот товар на овој сликар. Во нив се сумирани сите оние работи што ги нарекуваме вредности и значења. Целиот креативен опус на Агрон Салиу речиси има фуснота во која се вели: посветено на мојот народ.

 

Leave a comment