Со 12 претстави во официјалната конкуренција од 8 до 15 јуни ќе се одржи 53. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“.

 

Уметничкиот директор и селектор, актерот Катерина Коцевска ги соопшти имињата на годинашните добитници на наградите за животно дело. Тоа се  актерот Петре Арсовски, кој на сцената на МНТ одиграл ликови во 52 претстави, 15 на други сцени, 77 во македонски филмови и серии и композиторот Љупчо Константинов, кој напишал повеќе забавни композиции, како и над 20 аранжамни и соработувал со голем број имиња од театарската уметност.

Претставата ,,Ничија земја,, од Данис Тановиќ во режија на Александар Морфов на МНТ ќе го отвори осумдневниот театарски празник. Прилепскиот ансамбл ќе се натпреварува со ,,Клетници,, по Виктор Иго со драматизација на Горјан Милошевски и во режија на Мартин Кочовски. Албанскиот театар ќе ја игра претставата ,,Жените,, од Роберт Томас, во режија на Ќендрим Ријани. Штипскиот театар ќе ја прикаже ,,Бог на маскарот,, од Јасмина Реза, во режија на Нела Витошевиќ, а Турскиот театар ќе настапи со ,,Крал Лир,, од Шекспир, во режија на Диего Де Бреа. Независната театарска група ,,Артопиа,, ќе се претстави со ,Ужегнатост,, од Иван Вискочил, во режија на Владимир Милчин, Театарот Комедија ќе ја изведе ,,Дони Дарк, од Леонард Герш, во режија на Роберт Ристов. Струмичкиот театар ќе настапи со ,,Царот Владислав,, од Борис Јанков, во режија на Бранко Ставрев. Театарот за деца и младинци со ,,Еднаш свет изградив,, по романот Сидарта, во режија на Јане Спасиќ. Драмскиот театар ќе ја прикаже ,,Лет над кукавичјото гнездо,, од Дејл Васерман и Кен Киси, во режија на Ристо Алексовски, а велешкиот ансамбл ќе ја изведе ,,Тоалет за дами,, од Родолфо Сантана, во режија на Дејан Дамјановски. ,,Доктор фауст,, од Кристофер Марлоу, во режија на Андраш Урбан е фестивалскиот избор на Битолскиот театар.

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment