Романот првенец „Овде или во вечноста?“ од Билјана Тинтоска го промовира проф. Лидија Ристеска, изнесувајќи ги впечатоците и особеностите. Учениците од драмската секција на СОУ „Ѓорче Петров“ прочитаа извадоци.

 

Романот е замислен преку видувањата на двајца раскажувачи. Едниот егзистира како директен учесник, инволвиран во настаните, а другиот е неутрален, како набљудувач отстрана. Авторката успева да допре две димензии, две становишта и да ги претстави настаните од две независни гледишта, па да ја комплетира целосната слика за збиднувањата и за ликовите, за нивните преживувања, стремежи, копнежи и борби.

Во романот доминира силно изразената социјална проблематика, поврзана со современи животни драматични збиднувања, реализирани лица, исправени пред бремето на животот, искушенијата и неволјите, подготвени за борба и за откривање на вистината. Прострујува и идејата за љубовта како синоним за совршенство и Бог како вечна и врвна љубов, која му дава смисла на човековото суштествување, врз основа на ортодоксните христијански ставови. Во некои од ликовите, јасно се бележат религиозните ставови, коишто се во контекст со нивните постапки. Пораката упатува на безусловна љубов.  која никогаш не умира.

 

Извор на веста: zenitprilep.com.mk

Leave a comment