Во ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде претставена изложбата на фотографии на Марко Кројач.

 

Изложбата ќе започне во 12:00 часот, на 25-ти април, среда, 2018 година.

Споменици на Револуцијата“, ги архивира партизанските споменици од бивша Југославија и покажува како се менувале културните сеќавања и концептите на идентитетот на балканските простори од Првата светска војна до денес. Оваа изложба ги прикажува спомениците и приказните за нивното настанување, како и сегашниот однос на луѓето и воопшто културните политики кон постоечките споменици во едно време на постојано променлив идентитет.

Фотографиите на Марко Кројач ни ги доловуваат овие промени преку слика, а коментарите на различни автори го контекстуализираат секој споменик. Со овој пристап изложбата има желба да го унапреди критичкото, но во истовреме контруктивното соочување со минатото.

Leave a comment