Во петок, 30-ти март 2018 во 19.00 часот во ликовната галерија на ЦК„Марко Цепенков“ Прилеп беше отворена изложбата на дела од 54 Меѓународна Струмичка ликовна колонија, што ја организира ЦК од Струмица.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар по уметност, која истакна дека

„Разновидноста на изразот и техниките со кои што се изразуваат и креираат уметниците зборува за нивната силна творечка индивидуалност ослободена од оковите на стандардните норми. Геометризацијата, апстрактниот експресионизам се само дел од стиловите кои се присутни во богатата експозиција на ликовната колонија. Додека, пак пејзажот, градската архитектура, мртвата природа претставуваат вечни мотиви на моќта и способноста на уметникот.

 На увид пред љубителите на уметноста се 25 дела создадени на оваа реномирана меѓународна Струмичка ликовна колонија на која лани учествувале 17 домашни и седум странски автори.

– Струмичката ликовна колонија има долга традиција и во неа поминале голем број реномирани ликовни уметници. Една од карактеристиките на оваа манифестација е слободниот израз. Слободата е најважна за авторот, ако е тој послободен, тој е и покреативен - велат од Струмичката ликовна колонија.

Изложбата во нашиот град е плод на соработката меѓу двата Центри за култура - од Прилеп и од Струмица.

Leave a comment