На 23 февруари 2018 година во ликовниот салон при НУЦК Марко Цепенков – Прилеп, беше претставена изложба од прилепски автори.

Изложбата ја отвори историчарот на уметност Викторија Димеска која посочи дека претставени се дела од прилепски уметници кои неуморно и упорно дејствуваат на сцената на уметноста, секој поединечно со својот ликовен јазик, израз и соодветна сликaрска техника - акварел, акрил, темпера, масло на платно, комбинирана техника, колаж или скулптура, збогатувајќи го нашето секојдневие со одблесоци на вечноста и спокојството.

На изложбата со дела се претставуваат:Драган Михајлоски, Ангелка Башеска, Александра Ацеска, Драган Верговски - Алпи, Златко Крстевски, Емил Димоски, Павлина Илијеска, Наде Тоскоска, Васил Костов, Марија Ѓорѓиоска, Илија Миноски, Верче Николовска, Анита Сотировска, Александра Богоеска, Филип Перески, Марта Макеска, Лепа Милошевска, Емил Солески, Методи Исков, Стеван Василески, Александар Џинго, Методија Јорданоски, Михајло Ристески, Тони Чатлески, Мартин кондоски, Марјан Стојаноски, Јамсина Руневска, Дарко Талески, Ферди Булут.

Leave a comment