Во театарот се подготвува нова претстава за деца „Дороти се враќа“ во режија на Кирил Петрески, што е втор дел од многу популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Премиерата е планирана по неколку недели. Театарот го спрема проектот со сопствени средства.

 

Претставата е продолжение на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели, познати на најмладата публика.

- Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца. Публиката е специфична, полна со фантазија и колку да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Со овие претстави, на некој начин, инвестираме 20 години во иднината и ја формираме нашата идна публика - вели режисерот Петрески.

Ќе играат Марија Спиркоска - Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска -Станкоска и Катерина Чакмакоска - Клинческа.

Извор на веста: www.zenitprilep.com.mk

Leave a comment