Младинскиот Информативен Центар „ИНФО СЕГА“ од Прилеп во соработка со СОУ „Ѓорче Петров“, по повод 21ви февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, објавува конкурс за литературни дела на слободна тема на кој можете да учествувате со вашиот есеј, расказ, драма, поема и било кој вид на литературна творба.

Право на учество имаат сите ученици од СОУЃорче Петров  да учествуваат и да ги испратат своите дела во електронска форма најдоцна до 21.02.2018 година, на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Најдобрите три творби ќе бидат објавени на веб страната на ИНФО СЕГА, и истите ќе бидат наградени на манифестацијата која ќе се одржи на 26.02.2018 година, во библиотеката на СОУ Ѓорче Петров. На настанот ќе присуствуваат и тројца ЕВС волонтери од ИНФО СЕГА кои ќе читаат познати дела од писатели во нивните земји.

Исто така ги покануваме младите писатели од СОУ Ѓорче Петров, да го искористат овој настан за промоција на своите дела.

Сите литературни дела кои ќе учествуваат на конкурсот ќе бидат објавени во електронска збирка на веб страната на ИНФО СЕГА.

Leave a comment