Библиотеката во континуитет го збогатува библиотечниот фонд. На повидок е книгата „Семејните библиотеки во Прилеп“, чии автори се Петар Петрески и Магда Василеска.

 

- Најпрво претходеа "Манастирските библиотеки во Прилеп и Прилепско". Надоврзување и предизвик беше да ја напишеме "Семејни библиотеки". Многу роднини, пријатели, прилепчани поседуваат преку 4.000 примероци скриени и оставени. Ги посетивме домовите и целото тоа заборавено книжевно културно наследство што го гризе забот на времето, да го пренесеме во книгата - вели Василеска.

Според директорот на библиотеката Петар Петрески,  што е коавтор на книгата, подготовките траеле подолго.

- Претставени се семејните библиотеки на прилепчани, со што потврдуваме дека градот и во минатото и сега претставува еден историски и духовен центар на Македонија. Среќни сме што сме во завршна фаза и што наскоро книгата ќе ја види виделината на денот. Чекаме уште да се распише тендер за печатење, но за два месеца ќе биде промоцијата - вели Петрески.

Leave a comment