- Трудот содржи 510 дела собирани лани од печатените медиуми, дневни, месечни и периодични весници и списанија. Вработените во библиотеката, собраното го систематизирале во ова дело. Најзначаен е придонесот на Каролина Крстеска која е составувач, уредник и редактор - велат од библиотеката.
Библиографијата е збогатување на катчето со роднокрајна литература, бидејќи Чашуле е прилепчанец.
Коле Чашуле бил учесник во НОБ и учествувал во нападот на полициската станица во Прилеп на 11 Октомври 1941 година. Почина во Скопје 2009 година, оставајќи трајни споменици во општествениот и културен живот во државата.