Во среда, 27 декември 2017г. во 12.00 часот во галеријата „Борко Лазески“ во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „Ликовни записи, акрил, мотиви, од река „Црна“ – „Вардар“ и “ Стоби“ од Драган Верговски – Алпи.

Уметникот ќе се претставува со дела кои се создадени во период од мај до октомври 2017 година.

-Изложбата е посветена на мојот професор Борко Лазески, каде што ги научив ликовните техники. Делата се работени на локалитетот „Стоби“ кој што се наоѓа повеѓу двете најголеми реки во Македонија, Вардар и Црна река. Работени се во слободното време, додека главна преокупација ми беше реставрација и конзервација во крстилницата, на подниот мозаик во античкиот локалитет – вели авторот Верговски.

Leave a comment