Во петок на 17 март 2017 година во 19:30 часот во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата ДОДЕКОМАНИЈА на уметникот Ацо Таневски.

 

Ацо Таневски роден 1965 година во Скопје. Средно уметничко училиште и Факултет за ликовни уметности завршил 1991 во Скопје, педагошки отсек со сликарство. Член на ДЛУМ  од 1993 година, и активен член на Сојузот на ликовни педагози. Има 10- годишно искуство од областа на образованието. Во моментов вработен како едукатор во Национална галерија на Македонија. Организатор на едукативни работилници и изложби за млади. Освен со ликовна, се занимава и со театарска и книжевна уметност.

Учесник на преку 60- ина групни изложби во земјата и во странство, како и на 30 ликовни колонии.

Селектирани самостојни изложби: 

2017- WAS IST DADA галерија КО- РА, Скопје, Македонија

2016 -  Марини – центар за култура Мирка Гинова, Д. Капија,МК

2015 – R4 , галерија КО-РА дом на култура Кочо Рацин, Скопје,МК

2015 - Додекоманија, Њујорк, САД

2013 - 4 од 16, Заечар, Србија

2012 - Приказни од детството, Софија, Бугарија

2011 - Приказни од детската соба, Скопје, Македонија

1992 - Отпечатоци, Базел, Швајцарија

Leave a comment