Во пресрет на новото 51 издание на Македонскиот театарски фестивал,,Војдан Чернодрински,, ,а со цел да се подгрее атмосферата за театар кај публиката, театарот ,,Војдан Чернодрински,,  ја организира веќе традиционалната манифестација Недела на бесплатен театар.

 

Од четврток до недела ќе бидат прикажани бесплатно 4 претстави.

Започнуваме во четврток со ,,Обѕрни се во гнев,,режија Кристина Димитрова,  за студентите, во петок е ,, Ајнштајновите соништа,, во режија на Слободан Унковски, во сабота трагикомедијата,, Хамлет од Горно Дупени,, режија Кирил Петрески и во недела претставата за деца,, Како се станува цар,,.

Заинтересираните љубители на теааарот бесплатните влезници ќе можат да ги подигнуваат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

 

Ги покануваме да дојдат во театар и да уживаат во убавите тетарски мигови што ќе им ги приредиме со овие претстави.

Leave a comment