1. ЦЕНОВНИК НА БИЛЕТИ

 

Зона

А

цена на билет за:

градски линии

едно возење

20

дневен билет

50

викенд билет

120

неделен(седумдневен) билет

250

месечен билет

600

годишен билет

6 000

месечен билет

за ученици и студенти

350

 

Појаснување:

Цените на билетите се изразени во денари (МКД), со вклучен ДДВ. А зона ја вклучува само територијата на градот Прилеп. Билетот за едно возење има важност од: моментот на влегување во едно од возилата на ЈСП ПРИЛЕП, до моментот на излегување од истото возило.

Дневниот билет има важност од еден календарски ден. Викенд билетот има важност од: 20:00 часот во петок до 24:00 часот во недела. Неделен (седумдневен) билет е со важност за било кои седум последователни денови. Месечниот билет е со важност од еден месец (јануари, февруари, март). Годишниот билет е со важност од денот на неговото издавање, до истиот тој ден во наредната календарска година. На почетокот од функционирањето на Јавниот градски превоз сите лица со хендикеп со валидна членска книшка со фотографија издадена од соодветно здружение ќе можат  бесплатно да ги користат услугите на јавниот градски превоз.

Забелешка:

ЈПзаПУП- ПРИЛЕП го задржува правото на промена на тарифниот систем во оној момент кога ќе донесе одлука за такво нешто.

2. НАЧИНИ НА НАПЛАТА ВО ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ   ВО ПРИЛЕП

Начинот на наплата во возилата (автобусите) на Јавниот градски превоз во Прилеп ке биде еден од најсовремените во Македонија а можеби и на Балканот.

 Имено се работи заследното: Секој корисник на Јавниот градски превоз е должен да си купи картичка од наплатниот центар на ЈСП -Прилеп , која ке биде сместена во центарот на градот. Во картичката секој корисник си уплака сума во согласност со ценовникот донесен од Советот на О.Прилеп (Пример: ако уплати 20 ден има право да се вози еднаш, доколку уплати 50 ден може да се вози цел ден- дневна карта, доколку уплати 600ден има можност да се вози цел месец итн.итн) Контролата се врши електронски, со помош на монтиран апарат на влезот од автобусот каде кориснукот е должен да јаприближи картичката. Картичката е многу слична со кредитните или сите картички кои се користат за подигање на готовина на постојните банкомати низ градот. Картичките се купуваат еднаш, а се користат и дополнуваат по желба на корисникот.

Вториот начин на наплата е кога корисникот на услугите на градскиот превоз нема картичка и плака со готовина, односно на влезот од автобусите ке биде монтиран апарат каде корисникот е должен да пушти метални монети во износ од 20ден (две монети од по 10ден. или четири од по 5 ден) За плакањето во готовина корисникот добива фискална сметка од апаратот во кој ги пушта монетите.

 

За да се избегнат злоупотребите при користењето на градскиот превоз ке биде вршена Контрола на корисниците во самите автобуси од страна на инспекциска слузба определена од Локалната самоуправа, која ке ги контролира картичките или фискалните сметки на корисниците во Јавниот градски превоз.

2524 comments

Leave a comment