Во организација на Меридијан Атлетик Кавадарци и Општина Кавадарци, во сабота, 9 јуни, ќе се оддржи првата ноќна градска трка по градските улици.

 


Според предвиденото, ќе се трча на 5, 10 и 21 километар, а трката ќе биде кружна. Стартно целната рамнина ќе биде поставена на градскиот плоштад, ќе се трча по улиците Илинденска, Моша Пијаде и Тиквешко востание, а должината на еден круг изнесува 2,5 километри.

 

Почетокот на трката е закажан за во 19 часот.

Leave a comment