Фени Индустри влегува во победничка серија, и тоа токму пред оддржувањето на завршницата од националниот куп, кој втора година по ред ќе се игра во Кавадарци.

 

 

По лесниот триумф над Карпош Соколи минатиот викенд, избраниците на Малинков немаа проблеми да слават и на гостувањето во Струмица, овој пат со 58-71.

 

Домаќините беа конкурентни само во првиот квартал кој го добија со 23-22, по што следуваше тотална доминација на кавадаречките кошаркари, кои ги добија преостанатите три четвртини со 8-16, 14-15 и 13-18, за триумф кој го остава Фени во трката за пласман помеѓу шестте најдобри.

 

По очекуваниот триумф над Карпош, и овој натпревар покажа дека ангажирањето на Вокер и Ловхорн е одличен потег на стучниот штаб на Фени, откако новајлиите блеснаа во своите први настапи во дресот на Фени, придонесувајќи со 41 поен од вкупно 71 кој ги постигна Фени. Значајна улога имаше и капитенот Петровски кој мечот го заврши со 16 поени.

Leave a comment