Со стари проблеми и во новата година, надополнети со заминувањето на Андреј Магдевски, кошаркарите на Фени Индустри го дочекаа продолжението од сезоната, во која освен да се надигруваат и да ја бранат клубската чест, ќе се надеваат дека многу наскоро ќе бидат решени сите отворени прашања и клубот ќе се врати на старите патеки.

 

 

Поразот од тимот на Гостивар во првото коло од новата година беше очекуван, а серијата тешки натпревари продолжува и денес со дуелот против сезонава непобедливиот тим на Работнички.

 

Почетокот на натпреварот е закажан за во 17 часот.

Leave a comment