Познатиот кавадаречки пеач од повозрасната генерација Ангел Стојанов - Џамбасот е новиот шампион во „Цајкова табла“. Во супер интересното финале на турнирот кој традиционално се оддржува „Кај Миле Буки“, Стојанов триумфираше над штипјанецот Јован Петров.

 


Со триумфот на турнирот на кој настапија 41 натпреварувач, Стојанов уште еднаш го потврди својот статус на врвен таблаџија, и тоа во кафенето „Кај Миле Буки“ кое што со децении важи за собиралиште на најдобрите играчи на табла.

 

Третото место му припадна на Оливер Митрев, најмлад натпреварувач на турнирот со 23 години беше Стојанче Јанков, а годинава за прв пат во играта која претежно важи за машка се вклучи и госпоѓа од Штип која потврди дека и жените има што да кажат во оваа игра.

 

За најдобрите на турнирот организаторот обезбеди пехари, признанија и пригодни награди.

Leave a comment