И без пари, и во услови кои се далеку од основни за нормално функционирање, Фени Индустри сеуште го има победничкиот менталитет.

И додека многумина му најавуваат лош крај на поранешниот македонски и балкански шампион, Фени по поразот од МЗТ му се врати на победите, декласирајќи го тимот на Кожув со 93-77, во натпревар во кој сите, па дури и оние најмладите успеаа да се запишат во листата на стрелците.

 

По изедначената прва четвртина, во наредните два квартали Фени предводен од изворедниот годинава Горјан Марковски, капитенот Петровски и искусниот Магдевски создаде недостижни +19, предност која остана актуелна се до самиот финиш во кој втор пат во само три дена можност да ги покажат своите квалитети имаа и Кицев, Златев, Мелов и Кицев кои заедно искомбинираа 11 поени, сосема доволно за гостите да не успеат да намалат речиси ништо од високата негатива, и за голема победа на домашниот тим од 93-77.

 

Новиот триумф го остава Фени на делба на третата позиција со тимот на Гостивар, но и повторно го поставува прашањето дали бизнис секторот и локалната самоуправа конечно ќе се одважи и ќе му помогне на тимот кој го промовира градот на највисоко ниво веќе цела деценија, барем до крајот на полусезоната.

 

Leave a comment