Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди на Кавадарци, овој викенд беше домаќин на Држaвното првенство во пинг понг за телесни инвалиди.

 

 

Првенството беше во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Македонија - Македонскиот параолимписки комитет. Натпреварите се одржаа во СС „Јасмин“ со учество на 30-сетина учесници од Македонија кои се натпреваруваа во 4 категории.

 

Првите места по категории ги освоија: Мажи стоење класа 6-8 Рубинчо Ристески-Прилеп, мажи стоење класа 9-10 Страше Коцевски-Куманово, мажи количка Муштеба Амети –Охрид и жени стоење Лилјана Мицовска од Кочани. Домаќинот, Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци беше претставуван од тројца натпреварувачи: Николчо Делов, Васил Росомански и Магдалена Делова. Најдобро пласиран во својата класа беше Николчо Делов кој го освои 4 место.

 

Инаку претходниот викенд Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци имаше традиционална средба со Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Кисела Вода Скопје, а повод беше прославата на 3ти декември, Светскиот ден на лица со инвалидност на која се планира одржување на шаховски турнир.

Leave a comment