По убедливиот пораз од Беласица на домашен терен, фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш го истурија целиот свој гнев врз тимот на Осогово, декласирајќи го со 0-4.

 

 

Победата ја најави Стојанче Дунимаглоски со гол уште во седмата минута од натпреварот. За вториот гол се чекаше повторно седмата минута, но од второто полувреме, кога Вареловски погоди за 0-2. На 3-0 зголеми Наумче Бакрачески во 69та минута, додека конечните 0-4 ги постави Роберт Митев во 82та минута.

 

Убедливата победа, но и катастрофалниот пораз на Плачковица од тимот на Беласица го качија ГФК Тиквеш една позиција погоре, па сега е петтоплаисран, со идентичен број бодови, но подобра гол разлика од тимот на Плачковица.

 

Во следното коло ГФК Тиквеш на домашен терен го пречекува „фенерџијата“ Хоризонт Турново.

Leave a comment