Во рамките на натпреварот од 6 коло во Првата Лига, ракометарите на ГРК Тиквеш запишаа неочекувано висок пораз од 25:35 и тоа на домашен терен од тимот на Струга.

Едно полувреме беше доволно за гостинските играчи да покажат дека не биле случајни претходните 4 победи и дека екипата има сили за борба за врвот.

 

Во првиот дел избраниците на Велков во голем дел од времето ја имаа позитивата на своја страна, но до крајот на полувремето стружани ги консолидираа редовите и со серија од 4:7 во финишот, заминаа на пауза со предност, 14:15.

 

Во вториот дел домашните беа во игра до 17:18, а потоа Струга се одлепи на 17:22, што беше недостижно за домаќините кои немаа сили да се вратат во натпреварот, но ниту да избегнат висок пораз од 25:35.

 

Лазов со 8 и Витанов со 6 голови беа први стрелци кај домашниот тим, додека Александар Стојанов со 13 голови беше прв стрелец во победничкиот табор.

Leave a comment