По двата порази на стартот на сезоната, кошаркарите на Фени Индустри врзаа две победи, од кои последната на гостински терен кај актуелниот вицешампион, Карпош Соколи со НБА резултат, 103-109.

За разлика од првиот сезонски триумф, за да стигнат до втората победа на избраниците на Малинков им беа потребни дополнителни 2 продолженија, во кои конечно успеаа да го скршат отпорот на домаќините. Секако, победата е единственото оправдание на играчите пред своите тренери, одново играјќи слаба одбрана, која ја компензираа со фантастичен напад.

 

Сигурната предност „соколите“ ја одржуваа до средината на третиот дел (56-46), но потоа гостите од Кавадарци, поради неколку промашени шутеви на домаќинот, но и загубени топки, направија серија од 0-8 преку Пајиќ, Мирковиќ и Дејвис и дојдоа на само минус два (58-56). Со тројка на Јане Петровски, Фени Индустри успеа првпат да поведе на мечот по стартното водство (60-61), а потоа, гостите продолжија да ја полнат мрежичката на домашните, кои делуваа загубено на паркетот и поведоа со високи 68-81.

 

„Соколите“ во последните две минути дадоа пет тројки по ред преку Мекфејден и Делиќ (83-83), по кои следеше неизвесен финиш, а во последниот напад, Дејвис од Фени Индустри промаши за победа, по што натпреварот замина во продолжение, во кое резултатот пак беше изедначен (98-98). Во второто продолжение, Дејвис и Марковски донесоа одличен старт за Фени (98-103), а во финишот и победа.

 

Домаќинот и Фени Индустри одиграа изедначени први десет минути (23-20), а потоа, следеше доминација на „соколите“, која донесе висока предност. Предводени од Мекфејден и Лабовиќ, но и со голема поддршка од Делиќ и Чомагиќ, домашните дојдоа до двоцифрена предност (37-27), а на полувреме имаа позитива од осум поени (41-33), поради „двојка“ на Пајиќ пред самиот финиш.

 

Сигурната предност „соколите“ ја одржуваа до средината на третиот дел (56-46), но потоа гостите од Кавадарци, поради неколку промашени шутеви на домаќинот, но и загубени топки, направија серија од 0-8 преку Пајиќ, Мирковиќ и Дејвис и дојдоа на само минус два (58-56). Со тројка на Јане Петровски, Фени Индустри успеа првпат да поведе на мечот по стартното водство (60-61), а потоа, гостите продолжија да ја полнат мрежичката на домашните, кои делуваа загубено на паркетот и поведоа со високи 68-81.

 

„Соколите“ во последните две минути дадоа пет тројки по ред преку Мекфејден и Делиќ (83-83), по кои следеше неизвесен финиш, а во последниот напад, Дејвис од Фени Индустри промаши за победа, по што натпреварот замина во продолжение, во кое резултатот пак беше изедначен (98-98). Во второто продолжение, Дејвис и Марковски донесоа одличен старт за Фени (98-103), а во финишот и победа.

 

Прво име во редовите на Карпош Соколи беше американскиот кошаркар Тејдус Мекфејден со неверојатни 40 постигнати поени, а го следеше Делиќ со 16 поени, додека кај Фени Индустри, Дејвис постигна 30 поени, а Горјан Марковски заврши со 23 поени.

 

Во следното коло кое на програмата е следниот викенд, Фени го пречекува тимот на Струмица кој по четири одиграни кола сеуште нема ниту една победа.

Leave a comment