Тежок натпревар за Фени Индустри во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.


Фени почна многу лошо, постигнувајќи само 2 поени во првите 5 минути, за разлика од гостите кои запишаа 11, најавувајќи дека нема лесно да го предадат натпреварот. По тајм аутот на Малинков работите тргнаа на подобро, па на само 18 секунди до крајот Фени стигна до негатива од само 1 поен, 18-19. Исклучително расположениот Бери ги постигна првите два поени во второто полувреме, за водство на АВ Охрид од 18-24, по што следуваше неверојатна серија од 16-0 на домашните кошаркари, за прва двоцифрена предност, 34-24. Позитивата на Фени стигна и до +13, за на полувреме домашните кошаркари да имаат предност од солидни 11 поени, 42-31.

 

По паузата, двата тима имаа свои периоди, но и покрај мини сериите, Фени љубоморно ја чуваше предноста до 26та минута, кога за последен пат во регуларниот дел имаше двоцифрена позитива. Следуваа серија на несватливи грешки кои на гостите им овозможија лесно да се вратат во натпреварот, и да се борат за триумфот. Така беше се до последната секунда во која гостите промашија два напади за победа при резултат 74-74, пред се на голема среќа на капитенот на Јане Петровски, поради нетипичната за него грешка во последните секунди, но и на сите присутни во „Јасмин“.

 

Растоварен од чуството на вина, капитенот Петровски приреди вистинско шоу на стартот на продолжението од пет минути, и со 12 од вкупно 18те поени постигнати во продолжението беше лидер во првата победа на Фени сезонава, 92-82.

 

Покрај Петровски, голем удел во победата имаа и уште еднаш фантастичниот Дејвис со 29 поени, Мирковиќ со 19 и Магдевски со 16. Кај гостите најпрецизен беше Бери кој мечот го заврши со 31 поен.

 

Натпреварот имаше и свое трето полувреме во кое гостинските играчи и се нафрлија на судиската тројка која лошото судење кон двата тима го заокружија со исклучувањето на тренерот на АВ Охрид, Чучаровски.

 

Во следното коло кое на програмата е овој викенд, Фени повторно гостува во Скопје, но овој пат кај тимот на Карпош Соколи.

 

Преземено од www.kavadar4e.com

Leave a comment