Под мотото „Про-баскет игра за Николија“, стотина млади кошаркари и кошаркарки, членови на кошаркарскиот клуб Про Баскет од Кавадарци се вклучија во хуманитарната акција за помош на малата Николија на која итно и е потребно лекување во странство.

 


Хуманитарната акција на младите кавадаречки кошаркари и кошаркарки започна уште минатата недела, со собирање на донации од жителите на општина Кавадарци, а продолжи во петокот и саботата кога во акцијата се вклучија сите членови на кошаркарскиот клуб Про Баскет. Први кои донираа беа младите кошаркари и кошаркарки кои тренираат во основното училиште „Гоце Делчев“, за потоа да им се приклучат и нивните врсници кои ги оддржуваат своите тренинзи во спортската сала при „Димката Ангелов - Габерот“. Хуманитарната акција заврши со кошаркарски турнир во спортската сала при гимназијата „Добри Даскалов“ на кој настапија кошаркари од генерациите 2001/2002 и 2003/2004, како и кошаркарки од генерациите 2002/2005, чии натпревари ги проследија голем број на гледачи.

 

„Иницијатвата за оддржувањето на овој настан, како и целата организација на истиот е на членовите на клубот кои не само што нескромно донираа и одвоија дел од своето време и буџет, туку и ги вклучија своите семејства и пријатели во акцијата“ - рече меѓу другото Атанас Димов, кој заедно со Диме Баснарков го предводат кошаркарскиот клуб Про Баскет од Кавадарци.

 

Преземено од www.kavadar4e.com

Leave a comment