По повод „football people week“ кој е во рамките на ФАРЕ кампањата, Советот за превентива против малолетничка деликвенција организираше турнир во мал фудбал на кој учество зедоа 6 екипи.

 


На веќе традиционалниот турнир вообичаено покрај машките, своите фудбалски знаења ги покажаа и девојчињата кои беа рамноправни играчи во тимовите. Свој тим имаа и интернационалците, односно волонтерите од Германија и Турција кои исто така учествуваа на турнирот, кој заврши со доделување на наградите и признанијата за сите екип учесници.

 

Годинава за прв пат во одбележувањето на ФАРЕ неделата се приклучија и кавадаречките пензионери, кои најпрво влечеа јаже, а потоа одиграа и ревијален натпревар во мал фудбал.

Leave a comment