По повод „football people week“ кој е во рамките на FARE кампањата, Советот за Превентива против Мaлолетничка Деликвенција - СППМД и годинава ќе организира турнир во мал фудбал.

 


Традиционално, турнирот ќе се оддржи на спортски терени при гимназијата „Добри Даскалов“, а право на учество на истиот имаат млади од 16 до 28 години. Како и минатите, така и годинава сите екипи мора во својот состав да имаат по најмалку едно девојче.

 

Пријавувањето за учество на турнирот кој ќе се оддржи во сабота, 21.10.2017 со почеток од 11 часот, е бесплатно, а истото се врши на телефонскиот број 078 307 760.

 

За најдобрите и годинава Советот за Превентива против Мaлолетничка Деликвенција - СППМД обезбеди вредни награди.

Leave a comment