По добриот старт на шампионатот, фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш го запишаа и вториот пораз во серија, прв на домашен терен, и тоа од екипата на Брегалница од Штип.

 


Конфузијата во задната линија му овозможија на Наумов на лесен начин уште во 13та минута да му донесе позитива на својот тим. Дваесетина минути подоцна истиот играч и да ја удвои предноста на гостите, која беше актуелна на само минута до полувремето кога Методија Делов погоди за радост на трибините и враќање на надежта.

 

Со голот на Ѓорѓи Мојсов по асистенцијата на Митев по само шест минути игра во продолжението Тиквеш ја анулираше негативата од два гола, но кога сите очекуваа домашниот тим да тргне по трите бода, чуварот на мрежата на Тиквеш, Гелов најпрво погреши во додавањето, а потоа и направи пенал кој им донесе на гостите триумф од 2-3.

 

По новиот пораз, Тиквеш е сега петти на првенствената табела со скор од 9 бода. Во следното коло кое на програмата е следниот викенд, кавадаречките фудбалери патуваат во Гевгелија, кај тимот на Кожув кој пак денеска славеше со 1-3 на гостувањето во Македонска Каменица кај тимот на Саса.

Leave a comment