Пионерите на градскиот ракометен клуб Тиквеш продолжуваат со убедливите игри на стартот на првенството.

 


По тешката, но заслужена победа над Младинец, викендов кавадаречките ракометни надежи имаа далеку полесна работа, совладувајќи го тимот на Торо Спорт од Виница со убедливи 26-15.

 

Иако целиот тим на Ќире Василев одигра одлично, сепак за издвојување е изданието на Мартин Петров кој постигна половина од вкупниот број на погодоци на својот тим.

Leave a comment