Фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш стигнаа и до втората сезонска победа пред својата публика, вкупно трета, откако во саботата славеа минимална победа од 1-0 над тимот на Победа од Валандово.

 


Стрелец на победоносниот гол за домашниот тим беше дело на искусниот Ѓорѓи Мојсов, кој во 64та минута донесе радост помеѓу неколкуте стотина присутни гледачи на градскиот стадион во Кавадарци.


Голот на Мојсов го однесе Тиквеш на втората позиција на првенствената табела, веднаш зад непоразениот тим на Беласица, кој го задржа стоостотниот ефект на стартот од првенството.

Во следното коло кое на програмата е веќе во вторник, ГФК Тиквеш му гостува на тимот на Борец кој по четири кола има скор од три нерешени и една победа.

Leave a comment