Шест месеци откако го промовираа својот деби сингл „Така ли се чуствуваш“, членовите на кавадаречкиот рок состав Лексикон деновиве ја објавија и својата втора песна, „Нова скала“.

 


Музиката овој пат е на Виктор Кимов, текстот на Анета Мишева, додека аранжманот е работен на типично бендовски начин, па во истиот свој удел имаат Виктор Кимов, Дејан Митрев и Оливер Миленковски. Песната е снимена и продуцирана од Парагон продукција на Ристе Димитров, додека пак бек вокалите се на кавадаречката поп дива Наташа Малинкова.

 

Од бендот најавуваат дека „Нова скала“ многу наскоро ќе добие и свој видео запис, а до тогаш, уживајте во песната која е веќе достапна на јутуб.

Leave a comment