По повод завршувањето на уште една и повеќе од успешна година и уште една танцова сезона која ја одбележаа бројни награди и признанија, балетското студио „Венус“ Ве поканува да присутствувате на традиционалните годишни концерти!

 

 

Вообичаено, и годинава ќе се оддржат два концерти кои се закажани за во вторник, 12 јуни 2018, со почеток од 18.00 и 20.00 часот, во Салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“.

 

На концертите ќе можете да ги видете најдобрите кореографии на Балетското студио „Венус“ од оваа танцова сезона, на сите групи по возраст, меѓу кои и наградените кореографии од интернационалниот денс фестивал 2018.

Leave a comment