Вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ги собраа позитивните критики на илјадиниците посетители на годинешното издание на најголемиот саем за храна и вино во Русија и Источна Европа, „Продекспо 2018“.

 

 


Претставниците од трговскиот, хотелскиот и ресторански сектор се буквално воодушевени од квалитетот на вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, кој на овој саем се претстави со целата палета од брендот „Вирго“, во која е вклучен и најновиот адут на винаријата, виното „Фиано“ кое поради бројните специфичности е во центарот на вниманието.

 

Претставувањето на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ на годинешното издание на „Продекспо 2018“ е во во организација на Македонско-руската стопанска комора и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

На саемот кој се одржува секоја година во месец февруари, на вкупна површина од околу 100.000 м2, со свои штандови присуствуваат претставници од преку 2.000 компании од над 60 земји од светот. На саемот се претставуваат многу национални групи и асоцијации од Бразил, Германија, Норвешка, САД, Италија, Данска, Унгарија, Франција, Турција, Канада, Египет, Кипар, Грција, Индија, Полска, Бугарија, Словенија, Јордан, Аргентина, Белгија, Романија, Финска, Мексико,… а истиот го посетуваат повеќе од 94.000 посетители.

Leave a comment